БИТ ФЕСТ 2011 – Ѕвездена орбита на популарноста

БИТ ФЕСТ 2011 – Ѕвездена орбита на популарноста

 
По четврти пат и оваа година се одржа Ѕвездена орбита на популарноста во организација на Видео Мозаик и ТВ Орбис, на плоштадот Магнолија.

Ѕвездената орбита на популарноста ги опфаќа сите млади луѓе кои сакаат да се забавуваат, но и постарата генерација која сака да ужива во убавата македонска музика.  Најмладите пак ќе се забавуваат преку Ѕвездената орбита на популарноста посветена на детските песнички.  И оваа година, под ѕвезденото небо продефилираа  најпопуларните изведувачи на македонската музичка сцена  од забавната, народната и детската музика.  Манифестацијата е масовно прифатена од битолчани, но и од иселениците кои во летните месеци искористувајќи го годишниот одмор доаѓаат во посета на своите роднини и најблиските во родниот крај.