БИТ ФЕСТ 2011 – поетски симпозиум "Поезијата на Матеја Матевски современи аспекти и согледувања”

БИТ ФЕСТ 2011 – поетски симпозиум "Поезијата на Матеја Матевски современи аспекти и согледувања”

     

 Големиот македонски поет Матеја Матевски е добитник на највисоката награда на овогодишниот меѓународен фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Тоа е повод и „Поетски синтези“ да ја поддржи прославата на автентичното поетско писмо на Матевски на нашиве простори.
Поезијата на Матеја Матевски е тотализација на неговото поетско искуство, симултаност на неговото сваќање на времето во поезијата, проникнување во минатото, сегашноста и иднината.