БИТ ФЕСТ 2011- Поетски фестивал "Поетски синтези"

БИТ ФЕСТ 2011- Поетски фестивал "Поетски синтези"

 
Во Магазата љубителите на поезијата имаа можност да проследат поетско читање на 15 тина поети од повеќе градови од земјата Скопје Штип, Радовиш, Струга, Куманово и од Торонто, Канада.  Фестивалот  го отвори Проф.Д-р Пере Аслимовски проректор на Универзитетот Свети Климент Охридски, а учествуваа Трајче Кацаров овогодишен добитник на наградата на Друштвото на писатели на Македонија, Лјерка Наумова од Скопје, Борче Панов од Радовиш, Проф. Д-р Даниела Андонова Трајкова и други.  Носител на оваа манифестација е Здружението за култура и образование “Нова” од Битола.  Фестивалот се одржува по трет пат.