Оваа година по шестти пат културно случување кое достојно ја презентира заложбата на Општина Битола, за промоција на Битола како силен, креативен културен центар на Република Македонија.
“Хераклејски поетски свечености” е фестивал кој се одржува во рамките на БИТ ФЕСТ за кој веќе се слуша и говори на Балканот и во Европа. Фестивалот е меѓународна/балканска литературна средба на поетски светови.
Овие свечености и своето име го врзуваат за локацијата – Римски театар Хераклеја Линкестис. На фестивалот учествуваа 12 поети од странство, 20 поети од земјата и 15 млади поети од земјата. Носечки учесници на манифестацијата беа Александар Навроцки, поет, критичар, уредник – Полска, Иво Фрбежар, Луција Ступица, Вања Стрле – Словенија, Димитар Христов, поет, драматург, преведувач, директор на КЦ, член на ДБП, Бугарија,како и гости од Црна Гора, Украина, Босна и Херцеговина, Србија, Романија, Албанија, Хрватска
На манифестацијата беа доделени и награди според конкурсот за млади поети(ученици од РМ), 1 плакета на град-награда за најдобар странски поет, Хераклејска ЛИРА,прва награда за најдобра песна,мала хераклејска ЛИРА за најдобар млад поет.