БИТ ФЕСТ – АРТ ФЕСТ

БИТ ФЕСТ – АРТ ФЕСТ

Изложба на фотографии и карикатури -Центар за култура
Проект со кој се врши промовирање и афирмација на уметници од Битола кои немале можност да учествуваат или организираат самостојна изложба.
Подигнување на културниот капацитет и збогатување на културниот живот на граѓаните на Општина Битола.
Поттикнување на активностите на пасивните уметници во областа на културата, но и презентација на дела кои се истакнуваат со својата различност и нестандардност.
Созадавање на можности за комуникација и соработка со уметници од Р.Македонија и странство.
Целна група на овој проект се сите оние кои што активно се занимаваат со уметност и сакаат да ја презентираат пред пошироката битолска публика како и сите вљубеници во уметноста кои секогаш сакаат да погледнат нешто ново и различно.
Содржини:
Изложба на фотографии:
Изложба на фотографии на тема Битола (автентични и карактеристични локации од регионот на Општина Битола. Оваа изложба покрај тоа што е средство за изразување на авторот кој преку фотографии ќе раскажува една приказна, ќе побуди интерес и со прикажувањето на фрагменти од Битола и нејзината околина во едно ново светло.