Проектот АртМусе – соочување со иднината ,на НУ Завод и музеј Битола е финансиран од Европска Комисија – Програма Култура и поддржан од Министерство за култура на РМ. Проектот има голема препознатливост во уметничките кругови , во медиумите и веб страните во Европа.
Темата на целиот проект е
Од индустриска до постдигитална револуција
а темата на овој втор битолски фестивал е
Од традиционални занаети до медиа арт
со акцент на текстилот.
Главни партнери на проектот се
1. НУ Завод и музеј Битола
2. LWL – Industriemuseum Textilmuseum in Бохолт, Германија
3. Gdanks City Gallery, Гданск Полска
4. M2C Institute, Бремен, Германија
АртМусе проектот го доби епитетот Алијанса на Медиа Арт Фестивали.
Фестивали од овој тип паралелно се одржуваат и во други европски градови, Гент, Софија, Делменхорст…
Во Пацио и во салите на НУ Завод и музеј, со своите презентации настапија четири докажани и познати уметници од Америка, Канада, Унгарија, Полска и пет македонски уметници. На крајот на програмата публиката и сите уметници прават комбинации од повеќе видео презентации, звук, инструменти и сл.