БИТФЕСТ – ФИЛМСКИ ДЕНОВИ „SEE A PARIS“ – КАЛИНКА

БИТФЕСТ – ФИЛМСКИ ДЕНОВИ „SEE A PARIS“ – КАЛИНКА

На последниот ден од Балканскиот филмски караван во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности „ЕСРА“  присутните имаа  можност да го проследат турскиот филм „Калинка“ во режија на Умит Унал.
„Калинка“ ја раскажува приказната за четири лица во една куќа , со различни верувања, прашања за правдата…
„Ние сите се разликуваме едни од други како семките во калинката. Сите сме слични и различни, но ја правиме целината. Тоа е основата на верата, она што не одржува заедно. Но што ако се јават пукнатини на кората…. што ако се посомневаме еден во друг… што ако го загубиме чувството за правда… што ако ги бараме нашите сопствени права…“