ПОЕТСКО МУЗИЧКА И БАЛЕТСКА ИНСТАЛАЦИЈА

ПОЕТСКО МУЗИЧКА И БАЛЕТСКА ИНСТАЛАЦИЈА

Димитар Димитровски Такец промовираше поетско музичка и пантомима инсталација насловена „40 години посветени на ромите“ Програмата која се одржа пред КЦ Магаза беше составена од: Бизе „Хабанера“ фрагмент од операта Кармен, Бетовен „Галоп на дивите коњи“, Брамс „Унгарски танци“, А.Блум: „Мисисипи блуз“, Д.Д.Такец „О Девла, Девла…“ ритуалија – скица за мјузикл, Д.Д Такец транскрипција на народната песна „Давај ме мила мамо, давај ме…“, Д.Д Такец „Шукарела“. Интерпретатори: М-р Мери Кавкалевска Стоилова, Марина Коруновска-академски вокал, Јасмина Димитровска – академски вокал, Димитар Михајловски – студент по виолина „Џипси бенд“, Борче Лазаревиќ, рецитатор, Д.Д Такец – кантафтор, одговорен за сцена Игор Трајковски Фоја.
За проектот „40 години посветени на ромите“ Д.Д Такец вели: Проектот за ромите се роди инцидентно и спонтано. Имено, на 3 ти јуни 1972 година, околу пладне кај мостот „Интифа“ во Битола, сосема случајно го сретнав судскиот курир Селман Ракиповски. На моето конвенционално „здраво – живо“ и како си, вака ми одговори: ЛАЧО И БАРО, ЕМ ШУКАР. Тие три зборови буквално ме запалија, пред се нивната фонетска звучност”.
Оваа прекрасна вечер голем број гости уживаа во прекрасната изведба која се одржа пред културниот центар Магаза.