БИТ ФЕСТ -Концерт на сефардска музика „Баклава“

БИТ ФЕСТ -Концерт на сефардска музика „Баклава“

Баклава е музички состав со минималистички музички концепт: звукот  го градат само еден женски вокал и два жичани и ударни народни инструменти. Баклава е основана во 2005 година, како резултат на спојот на индивидуалните музички искуства на нејзините членови во сопствени музички проекти, но и во соработка со други музичари и групи. 
Првиот албум е насловен „Баклава” (2007). Вториот „Калемар“ е издаден на крајот од 2008 година. Додека нивниот прв албум „Баклава“ е концертен, „Калемар“ е нивниот прв студиски албум. Се состои од 14 композиции од кои 11 се компонирани од бендот, а три се македонски традиционални песни. Во моментов, Баклава се: Елена Христова, Дејан Сибиновски, Владимир Мартиновски и Ѓорѓи Клинчаров.

=””>