БИТ ФЕСТ Мултимедијалниот проект „Биоскопија“ со Горан Трајковски и Елена Христова

БИТ ФЕСТ Мултимедијалниот проект „Биоскопија“ со Горан Трајковски и Елена Христова

Летната сцена Тумбе кафе со почеток во 22.00 часот
Музичкиот проект „Биоскопија“ на БИТ ФЕСТ ќе ја има својата концертна промоција. На сцената покрај вокалистот и композитор Горан Трајковски и вокалистата Елена Христова ќе настапат и Игор Василев на контрабас, Дејан Теодосиевски на виолонало, Марија Ѓаковска и Владимир Цветковски на виолини, Тасос Јоану на кларинет и Горан Јаневски на акустична гитара. Албумот Биоскопија го сочинуваат 14 архаични, лирски, обредни, верски, свечени, но и меланхолични песни.