БИТ ФЕСТ – ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „КОМЕДИЈА ЗА ЛОНЕЦОТ“ ХНК

БИТ ФЕСТ – ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „КОМЕДИЈА ЗА ЛОНЕЦОТ“ ХНК

ХНК (Хрватско народно казалиште) Вараждин, Хрватска ја изведоа театарската претстава „Комедија за лонецот“
На големата сцена на Хрватскиот народен театар (Хрватското Народно Казалиште) во Вараждин се прикажува „Комедија за лонецот“ од Тит Макциј Плаут која се создаде во копродукција со Месното гледалишче Птуј и Храватското народно казалиште во Вараждин. Оваа комедија ја режираше Борис Кобал, преводот е на Каетан Гантар, сценограф и костимограф Бјанка Аџиќ Урсулов, музика Урош Раковец, лектор за словенски јазик  Симон Шербинек, превод од словенски на кајкавски, драматург и лектор на хрватски јазик Весна Косец Торјанц, асистент на режисерот Ксенија Крчар. Во претставата настапуваат Бранко Штубељ, Ненси Абдел Саки, Марија Крпан, Маринко Прга, Барбара Роко, Озрен Опачиќ, Митја Смиљаниќ, Ивица Пуцар, Зденко Брлек и Дарко Плованиќ.
Тит Макциј Плаут (254.-184. п. н.е), е најголем римски комедиограф. Му се припишуваат околу 130 комедии кои настанале по угледот на грчките комедии, од кои сочувани се 21 (една само во фрагменти) . Имал големо влијание врз Шекспир и Молиер, директно влијание од Плаутовата комедија „Аулуларија“ има во комедијата на Марин Држиќ „Скуп“ . Аулуларија или Комедија за лонецот обработува приказна за стариот скржавец Еуклион кој пронаоѓа ќуп со злато и од тогаш не престанува да бдее над него. Овој мотив се преплетува со мотивот на љубовта:  керката на Еуклион на некоја прослава ја обљубил младиот Ликонид и сака да се ожени со неа. Меѓутоа од Еуклион раката на неговата ќерка ја бара вујкото на Ликонид Мегадор, на што Еуклион помисли дека Мегадор намирисал богат мираз, па ќупот со злато го изнесува од куќата и го крие на различни места, плашејќи се и од сопствената сенка. Во еден момент кога го сели ќупот, го здогледал робот на Ликонид, кој го зема златото и со него си ја купува слободата. Крајот на комедијата е изгубен, но најверојатно бил среќен: робот му го дава ќупот на Ликонид, овој го враќа на Еуклион, а за возврат ја добива неговата ќерка за жена.
Комедијата на типови и интриги, се игра на кајкавски јазик, со една улога на далматински дијалект, додека улогата на скржавиот Еуклион ја игра познатиот словенски глумец Бране Штурбеј. Дијалогот на овие два јазика , доволно слични за да се разберат но доволно различни да има и недоразбирање, допринесува надградување на комедијата во смисол на актуелизирање на соседските односи, Словенија како членка на ЕУ и Хрватска чие членство претстои.