Градоначалникот Талески и директорот на Центарот за култура го најавија традиционалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ како дел од БИТ ФЕСТ.
Во петок, на 27 ми јули со Дефиле низ Широк Сокак насловено како „Со песни и игри низ битолските улици“ од 18.00 часот, започнува богатата програма на 42 то издание на фестивалот на народни песни игри „Илинденски денови“ кое ќе трае до 30 јули, а ќе биде затворено со концерт на Љубојна.