БИТ ФЕСТ -„Bitola fashion week“ – Магнолија

БИТ ФЕСТ -„Bitola fashion week“ – Магнолија

Основна цел на проектот е афирмирање на модата во нашиот град преку ангажирање на сите заинтересирани во оваа сфера.
Во рамките на манифестацијата„Bitola fashion week” пред посетителите ќе бидат претставени најновите колекции на познатите модни креатори од Македонија. Покрај познатите и афирмирани македонски модни имиња на модната недела ќе се претстават и дебитанти – новопромовирани имиња во светот на модата.
На манифестацијата покрај модните креатори учество ќе земат и изработувачи и продавачи на накит, чанти и обувки како составен дел од модата и модерното облекување.