БИТФЕСТ – ИЗЛОЖБА „ПОЧЕТОК…“

БИТФЕСТ – ИЗЛОЖБА „ПОЧЕТОК…“

Во фоајето на Центарот за култура во организација на Фото Кино Клуб од Битола беше отворена изложба на уметничка фотографија. Изложбата носи наслов „Почеток“. Изложбата ја покажа големата сила на новата генерација фотографи која доаѓа во Битола како продолжение на традицијата, а големата посетеност зборува за големиот интерес на битолчани за фотографија.