Во организација на Битолски весник, пред културниот центар Магаза се одржа поетско музичка вечер, посветана на првиот почесен граѓанин на Битола и авторот на антологиската песна „Битола мој роден крај” – Ајри Демировски. Ајри Демировски е роден 1926 година во Битола. Тој во својата богата музичка кариера напишал и испеал над 80 песни. Покрај антолиската песна посветена на Битола, напишана во 1944 година во Загреб, Ајри Демировски напишал уште 80-тина други песни.