БИТ ФЕСТ – ИЗЛОЖБА НА РОБЕРТ МИХАЈЛОВСКИ

БИТ ФЕСТ – ИЗЛОЖБА НА РОБЕРТ МИХАЈЛОВСКИ

Културен центар Магаза

„Патување низ лавиринтот на светото и профаното“ слики и графити на Д-р Роберт Михајловски – четврток 20.00 часот.
Роберт Михајловски по завршувањето на гимназија во родниот град Битола тој студира право, теологија и историја на уметноста со археологија во Скопје, а подоцна во Мелбурн ќе одбрани докторат на тема развитокот на интелектуалниот и духовниот живот во Османска Битола. Тој работи во музејот и митрополијата во Битола.
Во 1975 година патува во арапските и африканските земји во потрага по самиот себе и духовните почетоци. Во 80 –те и 90-те години ги разгледува ремек делата на големите европски музеи
Михајловски негува класични графички техники, наклонет е кон црно белите односи, геометриски линии и едноставни површини. Експресивните форми на фигурацијата се негов препознатлив знак додека во сликарството и дава слобода на имагинацијата.
Роберт Михајловски црпи инспирација од делата на италијанската трансавангарда и германските нео-експресионисти.
Тој е автор на неколку студии за византиската и османлиската уметност. За другиот комплементарен дел на неговите професионални интересирања постојат исто така вредни податоци.