ОТВОРЕНО 7-ТО ИЗДАНИЕ НА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО БИТ ФЕСТ 2012 СО МЈУЗИКЛОТ „ЕВИТА“

ОТВОРЕНО 7-ТО ИЗДАНИЕ НА БИТОЛСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО БИТ ФЕСТ 2012 СО МЈУЗИКЛОТ „ЕВИТА“

Под покровителство на Градоначалникот на Општина Битола м-р Владимир Талески, пред Домот на АРМ во Битола  беше отворено седмото издание на најдолгото и најбогато со содржини културно лето во Република Македонија, БИТ ФЕСТ 2012 година. Фестивалот беше отворен со Мјузиклот „Евита“ во режија на Цветан Стојановски.
Мјузиклот Евита претставува позната тема од бродвејската сцена и истоимената холивудска продукција, направена од Ендрју Лoјд Вебер, кај кого темата доаѓа случајно, слушајќи ја на радио и истата оживувајќи ја со мјузиклот Евита Перон. Овој мјузикл го обработува животот и делото на Евита Перон припадник на  средно ниската класа во Аргентина. Евита Перон на прагот на своето полнолетство започнува да живее во Буенос Аирес каде се појавува како фото модел и актер со неколку појави во филмската индустрија.
Особено забележана останува нејзината турнеја во Европа која ја одбележува вистинска контраверзност, наместа дочекана како една од најмаркантните личности, а додека на други места преживува директни удари врз својата личност. Пресвртот во нејзиниот живот ќе го донесе болеста од која таа умира во 1952 година. Нејзината популарност повторно се појавува во филмот „Евита“ каде двигатели на главното дејство се Мадона и Антонио Бандерас.

Мјузиклот „Евита“ е 6 ти проект кој се реализира во рамките на проектот Битолска опера. Првиот проект беше реализиран во 2005 – та година со наслов Дон Пасквале и означуваше почеток на битолската опера.