НАЈАВА НА 7-ТО ИЗДАНИЕ НА БИТОЛСКОТОТ КУЛТУРНО ЛЕТО „БИТ ФЕСТ 2012“

НАЈАВА НА 7-ТО ИЗДАНИЕ НА БИТОЛСКОТОТ КУЛТУРНО ЛЕТО „БИТ ФЕСТ 2012“

Под покровителство на Градоначалникот на Општина Битола м-р Владимир Талески, среда во 21.00 часот пред Домот на АРМ во Битола ќе биде отворено седмото издание на најдолгото и најбогато со содржини културно лето во Република Македонија, БИТ ФЕСТ 2012 година. Фестивалот ќе биде отворен со Мјузиклот „Евита“ во режија на Цветан Стојановски.
Битолско културно лето оваа година е со рекордна бројка на културни настани. Од пристигнатите 230 апликации, програмата на БИТ ФЕСТ 2012 ја сочинуваат 130 настани во чии рамки се наоѓаат и голем број поединечни настани, што всушност претставува бројка од над 170 настани за период од 2 месеци.
 Ќе се случуваат културни настани во Магаза, на Широк Сокак, на Плоштад Магнолија, Дом на АРМ, Завод и музеј, Пацио, Хераклеја, Тумбе кафе, Зоолошка градина, Нов пазар, сите сали на Центар за култура, Народен театар и на други локации..

           Оваа година под манифестацијата БИТ ФЕСТ ќе се одржи и Графичкото триенале, голема листа на настани за сите вкусови. На БИТ ФЕСТ ќе гостуваат и голем број театарски претстави, како: театарската претстава „Без сенки“ од Виена, потоа гостување на Питер Брук со претставата „Големиот инквизитор“. но акцентот го ставаме на битолскиот народен театар кој ќе има две премиери. Дел од програмата се и повеќе литературни проекти, Филмските денови СЕЕ а ПАРИС, а од рок и поп музиката покрај гостувањето на Горан Бреговиќ се издвојуваат концертот „Песни од Коштана“ на Силви бенд, гостувањето на Фабула Раса од Унгарија, рок концертот „Балканска улица“ од Грција, промоција на албум на Паркети, од етно и светска музика се издвојуваат Баклава, групата Синтезис, а секако дел од програмата се и големите фестивали кои со себе носат големи имиња како АКТО, Битола отворен град, , Илинденски денови, Локум фест и други фестивали.
БИТ ФЕСТ 2012 оваа година нуди голем број на содржини кои ќе ги исполнат жешките летни денови во Битола, со исклучителна културна свежина.