БИТ ФЕСТ – КОНЦЕРТ НА КЛАСИЧНА ГИТАРА – ШТЕФАН ГРАСЕ

БИТ ФЕСТ – КОНЦЕРТ НА КЛАСИЧНА ГИТАРА – ШТЕФАН ГРАСЕ

Пред културниот центар Магаза вистинско уживање со концертот на Штефан Грасе и Рафаел Кемпкен  – маримба, удиралки Нирнберг од Германија.
Посетителите имаа можност да ја слушаат музиката на Штефан Грасе и неговиот ансамбл која носи нова тонална сензуалност.
Со компакт дискот “Para um Sorriso”, Штефан Грасе цврсто се етаблира на полето на бразилска музика, како еден од најуспешните германски изведувачи.
Неговата прецизност како технички брилијантен мајстор на гитара комплетно ја исполни бројната публика.