БИТ ФЕСТ – ЉУБОЈНА ГИ ЗАТВОРИ 42-ТЕ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ

БИТ ФЕСТ – ЉУБОЈНА ГИ ЗАТВОРИ 42-ТЕ ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ

„Љубојна“ ги затвори 42 Илинденски денови во Битола во античкиот локалитет Хераклеа.
Овојпат „Љубојна“  се претстави со музика инспирирана од Беломорскиот фолклор и како што велат  понудија  побогата и пожива ритмички музика.
 На концертот му претходеше  Интернационалната вечер која започне во 20 часот на која  настапија фолклорни ансамбли од Грција, Хрватска, Србија и Северен Кипар.
На 42. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови – Битола” во четирите фестивалски вечери настапија над 1000 учесници од земјава и странство.  Фестивалот и оваа година е во рамките на Битолско културно лето Битфест.