На текст на Ф.М.Достоевски; режија Ирена Стеријовска; игра Крсте Јовановски
Ова е приказна – исповед за актер – човек во духовно-психолошки зандани, за кого лудилото е начин на живот, а не случајност, од која треба да се плашиме и бегаме; на кого љубовната приказна со сета негова посветеност му се претвора во кошмар, злосторство и казна, на кого духовните зандани му се само азил во кој напати го наоѓа својот мир и по свое видување ја раскажува сопствената перцепција на светот во која нема место за поединецот… Но има место за стравот, пониженоста и неможноста за бегство од неа; има место за непосредната средба со отфрленоста и смртта; има место за измачување, со примеси на надвладување и доминација на лудилото над Умот…
=””>