Битола од секогаш била центар каде што се сретнувале различни култури, секоја носејќи ги своите обележја со себе, оставала различен белег врз историјата на градот. Токму во тоа се сочинува убавината по која е позната Битола, сплетот од различни културни карактеристики гради специфичен начин на живот и урбана култура.
Мултикултурализмот е обележје на Европа кое во последните децении се промовира интензивно, а како одбележје на Битола ја следи низ целата нејзина историја.
Целта на работилницата е промоција на мултикултурализмот како вредност и како начин на живот кој функционира во Битола со векови, како и навраќање кон минатото за да се направат паралели со вредностите кои ги дефинира модерна Европа.
Зошто денес темата за мултикултурализмот е толку популарна, како теоретски се дефинира, кои се позитивни страни а кои се предизвиците во имплементацијата, се само дел од темите кои ќе се опфатат на работилницата „Битола лулка на мултикултурализмот“ и за кои ќе се зборува во дискусијата со учесниците.
Предавачи на работилницата ќе бидат:
М-р Диоген Хаџи-Коста Милевски
М-р Марјан Степановски
Г-дин Нешад Аземовски
По завршувањето на работилницата беше прикажан краткиот филм „Битола во Европа, Европа во Битола“
=””>