Промоција на своето цд имаше младиот и талентиран музичар Љупчо Доневски. Промоцијата на која Љупчо Доневски го покаже својот талент за свирење на хармоника се одржи во културниот центар „Магаза“ . Присутните имаа можност да уживаат во 9 македонски ора како Свадбарско, Јованова пајдушка, Македонска гајда и други а Љупчо го придружуваа уште тројца музичари на сцена кои свиреа гитара, бас гитара и тапани.