Културен центар „Магаза“
Во рамките на оваа манифестација организирана од страна на Организацијата на жени од Битола а во рамките на најдолгото лето во државава Битолско културно лето Битфест ќе бидат промовирани делата на битолчанката Сања Мучкајева Видановска. Станува збор за четири романи; „Грешници“, „Грешници 2-Модерна бајка“, „Самица“ и „Петтата приказна“. Покрај промоцијата на романите, манифестацијата ќе биде збогатена и со изложба на ракотворби направени од рацете на жените од Организацијата на жени од Битола.