БИТ ФЕСТ – ТЕАТАРСКА РАБОТИЛНИЦА

БИТ ФЕСТ – ТЕАТАРСКА РАБОТИЛНИЦА

Театарска работилница со Shamal Amin и Dr.Nigar Hasib од Австрија. Работилниците ќе се одржат на 06.07,07.07 и 08.07.2012 од 9.30 до 14.30 во салата на Завод и музеј.Работилниците се наменети за актери, режисери, драматурзи, пејачи, музичари, танчери и дизајнери на сцена и светло. Сите од овие профили можат да земат учество. Просторот за одржување е празна акустична просторија, а учесниците ќе работат боси, во комотни алишта во една боја по можност црни.
 
Шамал Амин и Нигар Хасиб секогаш се обидуваат да создадат празен простор, кој потоа станува исполнет со глас и движење. Простор во кој околината се претвора во “Секаде и Никаде”, во ритуален-простор и времето се преобразува во “Секогаш и никогаш”, во ритуално-време.