Во рамките на Битолско културно лето Битфест, на 16 август, во четврток, во Центарот за култура Битола започна детскиот музички фестивал „Тра-ла-ла“ во рамките на кој настапија деца од Словенија, Малта, Република Српска, Црна Гора, Шпанија, Косово, Србија, Хрватска, Романиа, Бугарија, Босна и Херцеговина, Индиа, Полска и Македонија. Фестивалот ќе продолжи и наредниот ден на 17 август во петок во античкиот локалитет „Хераклеа“со почеток во 20 часот.