ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ВО УШИЦИ,АРМ И ЖАБЕНИ

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ ВО УШИЦИ,АРМ И ЖАБЕНИ

Успешно заврши и третата аукција за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија што го спроведе Општина Битола по пат на електронско јавно наддавање.
Предмет на отуѓувње  на оваа аукција беа 24 градежни парцели за изградба на куќи за индивидуално домување од кои 6 градежни парцели во просторот на поранешната касарна ДУП за АРМ и 17 парцели во Ушици. Продажбата предизвика голем интерес меѓу граѓаните и на истата се пријавија 147 учесници.
„Сите 24 градежни парцели се продадени и практично, почетната цена на градежното земјиште која што е формирана постигна на неколку парцели многу повисока цена, до 2630 денари. Тоа беше максималната цена која што се постигна, но имаше 2400, 2200 денари зависно од наддавањето.
Исто така и во УШИЦИ почетната цена која што беше 61 денар стигна максимална цена од 809 денари, значи во просек тоа е цена околу 400 – 500 денари од метар квадратен. Со ова успешно ја завршивме и оваа акцуија, изјави Градоначалникот Владимир Талески.
Наскоро ќе следува нова објава која што започнува од 22 ри овој месец и ќе трае 30 дена. Се работи за нова 131 ГП која се однесува на делот за АРМ за индивидуално домување, потоа 2 ГП за катни гаражи, 5 ГП за колективно домување и 3 ГП за големи трговски единици. Досега продадени се голем дел од парцелите.
Градоначалникот потсети дека во континуитет до Општина Битола пристигнуваат писма со намери од страна на повеќе инвеститори, а најави дека во идниот период ќе следува и нова објава за ГП во Индустриската зона Жабени каде 26 инвеститори имаат купено 45 градежни парцели, односно продадени се Покрај инфраструктурната експанзија оваа година Општина Битола има најактивна градежна сезона во која на потенцијалните инвеститори може да им се понудат најдобри услови, а со тоа и континуирано да се подобрат условите за живот на граѓаните во Општина Битола.