КРЕАТИВЕН АРТ ФЕСТИВАЛ „БИОСФЕРА“ НА БИТ ФЕСТ

КРЕАТИВЕН АРТ ФЕСТИВАЛ „БИОСФЕРА“ НА БИТ ФЕСТ

Во Зоолошката градина во Битола започна Креативниот Арт Фестивал – Биосфера. Во текот на 5 дена ќе бидат реализирани активности како дел од содржината на Биосфера – Креативен еко арт фестивал: креативна работилница „Рециклирај – музицирај“ – изработка на музички инструменти од природни материјали, работилница за фотографирање на пејсажи во природа и животни, арт кино – проекција на документарни филмови во зоолошката градина и завршна манифестација со изложба на фотографии и видео арт, како и концерт на The Author – панк група од Охрид.
За време на синоќешниот настан гостите имаа можност да се забавуваат со креативните активности за изработка на музички инструменти од материјали за повторна употреба во рамките на настанот „Рециклирај – музицирај“.