Во рамките на Шекспир Фестивалот беше изведена претставата „Хенри Шести“ во режија на Џон Блондел а во изведба на Народен театар од Битола.
Претставата имаше премиера во мај минатата година, на фестивалот „Глоуб ту глоуб“, како последен дел од трилогијата за англискиот крал, а беше една од најгледаните претстави на репертоарот на театарот во минатата сезона. Насловната улога ја играше актерот Петар Горко, кому „Дневник“ му ја врачи наградата „Актер на годината“ во март годинава.
Улогите ги толкуваат: Филип Мирчевски, Kристина Христова, Борис Чоревски, Мартин Мирчевски, Валентина Грамосли, Соња Михајлова, Васко Мавровски, Габриела Петрушевска, Петар Спировски, Никола Пројчевски, Иван Јерчиќ и Огнен Дранговски. Преводот го направи Драги Михајловски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата – на Благој Мицевски, а музиката – на Миодраг Неќак.