БИТ ФЕСТ: МОДНА РЕВИЈА НА ТАМАРА ПЕРЕЗ

БИТ ФЕСТ: МОДНА РЕВИЈА НА ТАМАРА ПЕРЕЗ

Модната ревија е реализирана   во соработка со Н.У. Завод и музеј Битола и културното лето БИТ ФЕСТ, како и Модна Агенција Метрополис
Истражувачкиот дел во креирањето на колекцијата , изворноста на народните носии, нивната духовно – семантичка и  естетско –  декоративна функција е  во соработка со Н.У. Завод и музеј Битола.
„Зимската колекција за 2014 е инспирирана од фолклорните носии на мојата родна Македонија. Овојпат се обидов да ги спојам заедно моите традиционални корени и експлозивната убавина на костимот со мојата експлозивна страст за современи технички решенија. Мојата идеја е развивање на агрегати кои потсетуваат на изворноста, но современиот изглед на производот ја врамува колекцијата на „cooconing style”зимски богатства. Бев во потрага по волумени кои гестикулираат слобода, се пилотираат низ современоста, просторот и само делуваат безнапорно. Волната и свилата, од кои повеќето од елементи се изградени, се природни fibri, кои генерално се користат традиционално. Славејќи ја природата се провлекува потребата на секој поединец да ја негува неговата поврзаност со сопственото потекло. Боите се избрани да резонираат со природна боја на свила, памук и волна, кои се акцентирани со црвена боја, кој го симболизира животот, напредокот и силата во креациите на моите предци. Црното е неутралност и линк кон современоста. Колекцијата е пресек на минатото и сегашноста во облека која отсликува активна и силна жена која живее во 21 век. Чувството на сила доаѓа од изворноста но живеењето е во актуелноста“, рече Тамара Перез, моден дизајнер.