БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ: ХЕНРИ ШЕСТИ – ПРВ ДЕЛ

БИТОЛА ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ: ХЕНРИ ШЕСТИ – ПРВ ДЕЛ

Претставата „Хенри шести“ (прв дел) од Народното позориште од Белград, која беше изведена завчеравечер, внесува освежување и зборува за актуелната политичка ситуација во Србија и е претстава која по својата универзалност може да биде прифатена на различни простори.
Впечатливата актерска игра со осовременет говор, кој внесе ведра атмосфера помеѓу публиката остави многу интересен впечаток.

Претставата зборува за борбата за власт, моќта, интригите, измамите, лицемерието.