РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА КАРАОРМАН

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА КАРАОРМАН

 

Во тек се градежните активности за реконструкција на ул. Караорман. После 60 години улицата ќе добие нов асфалт. Вкупната должина на улицата и петте профили кои се асфалтираат изнесува 507 метри, а сумата предвидена за реконструкција изнесува 3 160 609,76 денари. Жителите од овој дел на општина Битола изразија особено задоволство од реализацијата на овој проект со кој после подобрувањето на условите за рекреација се овозможува и комплетно уредување на просторот.