ОТВОРЕН ПРВИОТ ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ ВО БИТОЛА

ОТВОРЕН ПРВИОТ ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ ВО БИТОЛА

 

Првото издание на новиот интернационален „Битола Шекспир Фестивал“ синоќа беше отворено во Центарот за култура во Битола. На овој начин, Битола станува голема театарска сцена за најдобрите национални ансамбли во светот.
Прогласувајќи го за отворен „Битола Шекспир фестивал“ министерката за култура предочи дека длабока е посветеноста и ентузијазмот со кое битолскиот театар го негува делото на Шекспир.
Првото издание на „Битола Шекспир фестивал“ почна со македонско – руската театарска претстава „Ромео и Јулија“ во која блескаа Евгенија Игумнова во улога на Јулија, актерка од Ст.Петерсбург и македонскиот актер Дејан Лилиќ во улога на Ромео, како и останатите актери од двете држави кои беа наградени од публиката со долготраен аплауз.
„Ова што се случува во Битола е многу силно, моќно, вредно и исклучително. Вредните статистичари ме известија дека во моментот јас сум единствениот градоначалник меѓу 8 милиони и 230 илјади градоначалници во светот што имав можност да ги поздравам гостите и учесниците на фестивалот како градоначалник кој бил дел од претставите на Шекспир, а меѓу ретките во Македонија го играл и Хамлет, а тоа е дополнителна возбуда во оваа битолска приказна, изјави градоначалникот на општина Битола м-р Владимир Талески.