Македонска етно венчавка

Македонска етно венчавка

Во петокот  на 2 август во 18 часот на плоштадот Магнолија започна „Македонската етно венчавка“ во организација на Центарот за едукација и негување на традицијата и фолклорот Етно Илинден од Битола.
„Во ова тешко време за нас како народ, кога ни фали малку да се докажеме кој сме и што сме по идентитет, сакаме малку да ги вратиме луѓето на старото, како тоа некогаш се правело. А и да им помогнме на оние парови кои во овие времиња немаат доволно средства да се венчаат“-изјави Александар Тодоровски, етнолог од ЦЕНТИФ Етно Илинден Битола.
Битолчани а најмногу гостите од прекуокеанските земји имаа можност да го проследт месењето на погачите, плетењето на  венците, китењето на бајракот, торбата и картата за канење, канењето на нункото и деверот, бричењето на зетовите, одењето по  по невестите и слично.