БИТ ФЕСТ:„МОЈАТА ПРИКАСКА“-РАБОТИЛНИЦА ЗА ФОТОГРАФИЈА

БИТ ФЕСТ:„МОЈАТА ПРИКАСКА“-РАБОТИЛНИЦА ЗА ФОТОГРАФИЈА

Во малата сала на Центарот за култура се одржа работилницата за фотографија „Мојата прикаска“ во организација на Фото кино клуб – Битола.
Станува збор за фотографот Драги Неделчевски кој со повеќе од 150 фотографии ја раскажува својата фотографска и животна приказна. „Мојата приказна“ е невообичаено патување во светот на фотографијата. Фотографијата како феномен кој последниве 180 години сосема го смени начинот на кој човекот го гледа светот околу себе, Драги Неделчевски ја доживува на свој начин. Таа му служи како средство за креативен израз, како средство за забележување на моментите кои неповратно заминуваат во историјата, како средство за коментар на сето она што не окружува.
Неговите фотографии, направени последниве 35 години, дополнети со коментари, факти, дигресии и анегдоти, фрлаат сосема ново светло на фотографијата. Оваа работилница е плод на долгогодишната соработка меѓу Фото Кино Клуб Битола и авторот на ова предавање, поучно за почетниците, интересно за поискусните, а инспиративно за сите – тоа е светот на фотографијата на Драги Неделчевски.