БИТ ФЕСТ: ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „АРТ ПОИНТ ГУМНО“

БИТ ФЕСТ: ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА „АРТ ПОИНТ ГУМНО“

Меѓународниот центар за уметност АРТ ПОИНТ – ГУМНО е невладина организација со седиште во село Слоештица, Демир Хисар.
Активностите се фокусирани на промоција на уметноста и културата, традицијата, заштита на животната средина и биодиверзитетот и поддршка на локалниот економски развој на регионот на горен Демир Хисар.
АРТ ПОИНТ – ГУМНО е единствениот уметнички центар на балканот кој организира уметнички резиденции. Почнувајќи од 2003 година во Слоештица престојуваа и твореа пповеќе од 40 афирмирани уметници од целиот свет.
Изложбата „10 години АРТ ПОИНТ – ГУМНО“ претставува ретроспектива на делата што уметниците ги создадоа во изминатиот период и се дел од колекцијата.