Во ресторанот Корзо вчеравечер се одржи перформанс со храна насловен како „Битола мост помеѓу Европа и Ориентот“.
Организаторот на овој настан, Здружението за туризам, екологија и претприемништво БИТОЛА БРЕНД , главен акцент става на развој и поттик на туризмот во Битола и регионот.
Богатата традиција и култура кои го издвојуваат градот и го прават поинаков, може да се претстават од повеќе аспекти, како што се: уметност, архитектура, мода и т.н.
БИТОЛА БРЕНД одлучи оваа година во состав на најдолгото културно лето БИТФЕСТ , да го претстави стилот на живеење во Битола преку храната.
Настанот претставува забавно натпреварувачко претставување на двете кујни Унгарска и Турска.