БИТ ФЕСТ: ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „БЕЛИ УТРА“

БИТ ФЕСТ: ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „БЕЛИ УТРА“

Во НУУБ Свети Климент Охридски во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, Македонското научно друштво-Битола ја промовираше книгата „Бели утра“ од писателот Петко Шипинкаровски.
Пред љубителите на пишуваниот збор и културната јавност во Битола, книгата ја промовираа писателот Добре Тодоровски и поетесата Офелија Богоевска кои посочија дека од книгата „Бели утра“ произлегува надежта како вистинска заштита од темнината, злото и болката.