На иницијатива на НУ Завод и Музеј – Битола, а во рамките на овогодинешното Битолско културно лето, во Центарот за култура – Битола беше отворена изложбата „Фолклор“, заеднички проект со Здружението на уметници „УМ“ од Виница.
Фолклорот како одличје на еден народ и поднебје е одлично поле за креативни истражувања и нови видувања преку призмата на современите уметнички текови. Уметниците прават обид за спојување на традиционалната, народна инвентивност со структуираното уметничко знаење. На изложбата претставени се слики, цртежи, скулптури и објекти, дела на: Гордана Вренцоска, Миливој Симеонов, Дејан Спасов, Соња Димитрова, Катица Алексова, Иво Пецов, Дарко Богданов и Александар Богданов – Чоки.
Поставката ќе биде отворена за јавноста се до затворањето на Битолското културно лето – 24 август.