БИТ ФЕСТ:ПРОМОЦИЈА НА СПОТОТ „КУЛТУРНИ ВРЕДНОСТИ НА БИТОЛА Time – lapse 2013”

БИТ ФЕСТ:ПРОМОЦИЈА НА СПОТОТ „КУЛТУРНИ ВРЕДНОСТИ НА БИТОЛА Time – lapse 2013”

Во Центарот за култура синоќа беше промовиран спотот за градот Битола изработен со time – lapse техника на фотографирање. За фотографирање избрани се повеќе значајни локации за градот Битола, како: Саат кулата, Меморијалниот комплекс на Плоштадот Магнолија со споменикот, Домот на АРМ, Широк Сокак, Завод и Музеј и други значајни места и обележја на Битола. Во изработката на спотот учествуваа повеќе фотографи, камермани и монтажери, а режисер е Александар Јоначиќ.