БИТ ФЕСТ: МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ПРОЕКТ„МУЗИЧКА ОДИСЕЈА БИТОЛА 2013“

БИТ ФЕСТ: МУЛТИМЕДИЈАЛЕН ПРОЕКТ„МУЗИЧКА ОДИСЕЈА БИТОЛА 2013“

Во Народниот театар – Битола вчеравечер беше промовиран мултимедијалниот проект „Музичка Одисеја Битола 2013“. Проектот претставува 50 минутно музичко – визуелно патување низ временскиот простор, поаѓајќи од античко време (Хераклеа), па се до денешна модерна Битола. Делото се состои од 27 аудио – визуелни слики кои ја презентираат нашата историја, од една посебна перспектива – поглед од вселенска безвременска станица, која слободно кружи околу нашата планета, но секогаш во својот фокус ја има земјината точка за лоцирање – Битола. Покрај снимениот видео и аудио материјал, приказната ќе биде надополнета со мешан камерен хор во живо.