БИТ ФЕСТ: ПОЕТСКО – МУЗИЧКИ ПЕРФОРМАНС „РОМА БЛУЗ“

БИТ ФЕСТ: ПОЕТСКО – МУЗИЧКИ ПЕРФОРМАНС „РОМА БЛУЗ“

Пред Културниот центар Магаза битолчани имаа можност да го проследат поетско музичкиот перформанс „Рома блуз“ на Театар „Самос“, во копродукција со „Фалкен“ – Дуизбург – Германија. Режија и избор на текстовите е на Сами Осман, а настапија:Сами Осман, Соња Каранџуловска, Армен Османов, Сашо Ристовски. Музика и сонгови: Исмет Саит и Соња Каранџуловска, техника и организација-Елвир Осман, Армен Османов и Џули Реџеповска.
И овој настан ќе остане забележан како настан кој предизвика голем интерес кај битолската публика.