Хрватите пееја Битола мој роден крај

Хрватите пееја Битола мој роден крај

Втората вечер на фестивалот „Илинденски денови“ наиде на одличен прием кај битолчани и кај гостите од страна кои максимално уживаа и тоа во голем број во настапот на ансамблите од Македонија, Полска, Хрватска и Словенија. Вечерта кулминираше со настапот на хрватскиот ансамбл кој ги наполна срцата на присутните и предизвика бура од емоции пеејќи ја најпознатата битолска песна Битола мој роден крај.
Весело беше и на фолклорните презентации напладне  во Старата битолска чаршија  како и на вокално инструменталната вечер „ Ехо од дамарите“ која се одржа во Културниот центар Магаза во центарот на градот.