Почнаа Илинденски денови во Битола

Почнаа Илинденски денови во Битола

Големото и шарено дефиле на најопеаната улица на Балканот, Широк Сокак, го означи почетокот на 43 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ Битола.
Илјада играорци од  Бразил, Израел, Турција, Полска, Хрватска, Словенија и Македонија со песни и игри се прошетаа низ битолските улици и секако низ Широк Сокак.
После богатото дефиле кое го проследија голем број на битолчани и гости од страна следуваше свеченото отворање на Ракометното игралиште со Вечерта на традиционална музика и игра. На свеченото отворање се обратија Директорот на Центарот за култура, Борче Димитровски, Градоначалникот на Општина Битола, М-р Владимир Талески а фестивалот го прогласи за отворен пратеничката Лилјана Кузмановска.