БИТ ФЕСТ: ГОЛЕМ АКУСТИЧЕН КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА ГОЧЕВА

БИТ ФЕСТ: ГОЛЕМ АКУСТИЧЕН КОНЦЕРТ НА КАРОЛИНА ГОЧЕВА

Во исклучителниот простор на античкиот локалитет Хераклеја се одржа концерт за паметење. Голем акустичен концерт на Каролина Гочева  во кој битолската публика покажа исклучително уживање и забава, но и многу љубов кон својата сограѓанка. Над 3000 гости преполнувајќи ја Хераклеја возвратија на вистински начин на атмосферата која која ја создаде македонската дива Каролина Гочева презентирајќи го своето дискографско минато и за прв пат претставувајќи се со својот бенд во акустична варијанта.
“Од нас зависи”, “Мојот свет”, “Хипокрит”, “Штом сакаш”, “Капка под небото”, “Крај”, “Умирам без тебе”, “И ќе биде се во ред”, “Остани”, “Не се враќаш”, “Тој”… се само дел од песните кои беа дел од репертоарот на овој исклучителен концерт на Каролина Гочева на БИТ ФЕСТ.