БИТ ФЕСТ: ВИЗУЕЛНО – СЦЕНСКИ ПЕРФОРМАНС „ЛАВИРИНТ К-КАФКА“

БИТ ФЕСТ: ВИЗУЕЛНО – СЦЕНСКИ ПЕРФОРМАНС „ЛАВИРИНТ К-КАФКА“

Непорекливата универзалност која остава простор за актуелизација на контекстуално ниво е мотивот на вчерашниот визуелно сценски перформанс„Лавиринт К- Кафка“, кој присутните имаа можност да го погледнат на новата сцена во Центарот за култура.
„Процес “ е дело кое ќе изгуби на современост во моментот кога се она што го сочинува јадрото на нашето општество, ќе исчезне. Кога ќе го нема законот и правниот систем.
Во потрага по нови медиуми за реализација на овој проект, се појави Лавиринт театарот како совршена платформа за соединување на сценска и визуелна уметност, според неговата структура и метод.
Самиот процес на работа е едно патување за тројца визуелни и петорица сценски уметници вклучени во проектот, каде секој со сопствен израз создава еден микрокосмос за на крај сите тие светови што паралелно егзистираат да се соединат во еден финален продукт.
Визуелните уметници го одредуваат просторот во кој ќе се случува сценската игра со променливи инсталации кои градираат заедно со перформансот…К.е мембрана или ја има улогата на двигател на дејствието и четврт ѕид истовремено бидејќи лавиринт театарот во својата форма не содржи четврт ѕид.