БИТ ФЕСТ: ПОПУЛАРНИ ЗВУЦИ НА ПИЈАНО

БИТ ФЕСТ: ПОПУЛАРНИ ЗВУЦИ НА ПИЈАНО

Во Концертната сала на Завод и музеј се одржа концерт на класична музика со Татјана Божиновска и Билјана Димовска. Концертот беше насловен „Популарни звуци на пијано“, а вчерашната квечерина ја исполнија обработки на популарни балетски и оперски дела за дуо пијано.
Дуото пијано во состав Билјана Димовска-Татјана Божиновска делува повеќе години, и на својот репертоар има програма од барок до модерна музика. Има одржано повеќе рецитали низ земјата: Битола, Ресен, Охрид, Скопје, на фестивалите: „Интерфест“ – Битола, „Битфест“ – Битола, „Златна лира“ – Скопје и.т.н.