БИТ ФЕСТ: ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА „ЖИВОТОТ Е МУЗИКА“

БИТ ФЕСТ: ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈАТА „ЖИВОТОТ Е МУЗИКА“

Во преполниот простор пред Културниот центар Магаза, вчеравечер БИТ ФЕСТ овозможи една исклучителна вечер – сублимат на талентот, искуството и креативноста. Пред големиот аудиториум се одржа промоција на монографијата„Животот е музика “ на  Академик Георги Здравев.
Проф. Д-р Георги Здравев е роден 1938 година во Битола. Основно училиште заврши во Битола, средно музичко училиште во Скопје а музичка академија во Сараево, Босна и Херцеговина. Автор е на повеќе учебници за средно и високо образование и повеќе книги од областа на музиката. Mагистрирал и докторирал на Факултетот за учители во Битола каде  беше редовен професор до своето пензионирање. Диригент и организатор на повеќе опери и концерти со голем број познати солисти и оркестри во земјава и странство. Добитник е на голем број благодарници, признанија и награди за својот труд. Георги Здравев е Академик во Светската Академија Плато.
„Животот е музика“ е монографија која во идниот период ќе биде од големо значење за многу генерации, особено за оние кои низ животот ќе патуваат заедно со музиката.