Во рамките на најдолгото културно лето „Бит фест “ со поддршка од Општина Битола и покровителот Градоначалникот М-р Владимир Талески, започна 7-то издание на Локум фест-музика и традиција. Овој етно-world music фестивал го слави славното конзулско минато на Битола, амалгамот од европскиот и ориенталниот дух на културите и сведочи за нас , она што сме биле и она што сме…
Фестивалот започна со фото изложба „Стари занаети во Битола“ во организација на регионалната занаетчиската комора и саем на ракотворби, а настанот беше збогатен со групата Калабалак.
