ИЗГРАДБА НА ПЕШАШКА ПАТЕКА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ: ДИМЧЕ ЛАХЧАНСКИ

ИЗГРАДБА НА ПЕШАШКА ПАТЕКА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ: ДИМЧЕ ЛАХЧАНСКИ

Во тек се активностите за изградба на пешачка патека и реконструкција на ул. Димче Лахчански. На задоволство на жителите од Нова Битола и во овој дел на општина Битола продолжуваат интензивните градежни активности.
“Во должина над 300 метри оваа улица ќе биде асфалтирана и ќе се поврзи со веќе завршениот улици и ул. Јадранска и изградба на пешачка патека која што ја работиме во моментот. Откако ќе се усогласат градежните активности со ГП Гранит, целиот овој дел ќе се асфалтира. Во овој дел на Битола ќе имаме интервенции секоја сезона, така што сите улици кои што чекаат интервенции до крајот на мандатот ќе бидат завршени“, изјави Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески.
Во следните 15 дена ќе започне реализацијата на програмата за реконструкција на предвидените улици во руралните места. Со ваквата динамика во следните 4 години се очекува бројот на реконструирани улици да ја надмине предвидената бројка од 100 улици.